(Видео) Петков и партнерите излегоа на протестот пред парламентот: Не се предавајте, ќе победиме

На демонстрантите им се придружија и бугарскиот вицепремиер Асен Василев, разрешениот претседател на парламентот Никола Минчев, лидерката на БСП и коалициска партнерка во владата Корнелија Нинова, како и пратеници од досегашното владејачко мнозинство
Пред демонстрантите излезе и Тошко Јорданов, координатор на пратеничката група на ИТН со чија помош опозицијата изгласа недоверба на претседателот на парламентот. Но, Јорданов беше силно исвиркан бидејќи насобраните граѓани не сакаа воопшто да разговараат со него

На протестот пред бугарскиот парламент за поддршка на разрешениот претседател на Народното собрание, Никола Минчев, попладнево излезе и премиерот Кирил Петков придружуван од вицепремиерот Асен Василев, од претседателката на БСП и коалициска партнерка Корнелија Никова, како и самиот Минчев.

„Промената ќе ја направиме сите ние. Нема да бидеме само ние или само вие, тоа ќе го направиме заедно“,рече Петков во обраќањето.
Тој ги повика насобраните демонстранти и да не се разочаруваат од тоа што на Минчев му беше изгласана недоверба и потсети дека на последните парламентарни избори успеале да победат, како и дека сега ќе испеат.

„Заедно сме, не се предавајте, ќе успееме. Нема да ве изневериме, ќе победиме“,

На насобраните поддржувачи им се обрати и Минчев.

„Нема зборови, не очекував ова да се случи. Можам само да му се заблагодарам на новото мнозинство што го направија тоа. Продолжуваме да се бориме и борбата ќе успее. Нема сомнеж во тоа. Ќе се вратиме пак, посилни. Нема да се предадеме. Не сме ни размислувале за тоа“,порача Минчев.
Обраќање имаше и лидерката на БСП, Корнелија Никова, која порача дека денеска започнува вистинската борба против мафијата и им се заблагодари на граѓаните што спонтано се организирале и изразиле поддршка.

„Никогаш не се откажувајте, заедно ќе успееме“, рече Нинова.
Петков, Василев, Минчев и Нинова излегоа пред демонстрантите за време на паузата која беше дадена на седницата во парламентот на која се дискутира за Буџетот. Со нив излегоа и пратеници од партијата на премиерот – Продолжуваме со промените, како и нивните колегите од коалициската Демократска Бугарија.

Протестот пред бугарскиот парламент дојде откако на социјалните мрежи се покрена иницијатива „Мафијата го отстрани Минчев: Да ја заштитиме европска Бугарија без мафија“. Ова дојде неколку часа откако му беше изгласана недоверба на досегашниот претседател на Народното собрание од страна на опозициските ГЕРБ, ДПС и Преродба, како и со поддршка од партијата Има таков народ (ИТН), која реши да ја напушти владејачката коалиција.

Пред демонстрантите излезе и координаторот на пратеничката група на ИТН, Тошко Јорданов, но беше силно исвиркан бидејќи тие не сакаа воопшто да разговараат со него.
рече бугарскиот премиер.

 

 
 

 

 

Back to top button
Close