(ВИДЕО) Петрушевски: Пудлицата на Венко Филипче – Димитар Апасиев се активира кога СДС нема аргументи и се во паника
Насилството е работа која Левица ја посакува во недостаток на нормална дискусија и аргументи. И народот и пратениците не треба да наседнуваат на тоа. Ова е договор меѓу Левица, СДС и ДУИ. Да се одвлекува внимание од суштински работи и аргументирана дискусија. Ова е план на Левица со СДС и ДУИ за провоцирање во недостаток на аргументи за да можат да спинуваат. Такви беа првите пратенички прашања, така и сега. Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови“ рече на денешната прес-конференција во партиското седиште пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.