(ВИДЕО) Пиштолот на напаѓачот се заглавил при обидот да ја убие потпретседателката на Аргентина

Потпретседателката на Аргентина преживеа обид за атентат откако вооружен маж и вперил наполнет пиштол во главата од непосредна близина и го повлекол чкрапалото, но оружјето се заглавило.

 

Кристина Фернандез де Киршнер (69) вчера вечерта пристигнала пред својата куќа во Реколета, Буенос Аирес, пред толпата поддржувачи, кога потенцијалниот атентатор излегол и ѝ вперил пиштол.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како голем број луѓе ја пречекале потпретседателката која била придружувана од нејзиното обезбедување.

Back to top button
Close