(Видео) Повторно забави во скопски клубови, со гужви, играње, без маски и дистанца

Од видеата кои кружат, се гледа дека заштитни маски носат само шанкерите и келнерите, вработени во клубот. „А1он“ контактираше со Државниот пазарен инспекторат, од каде ни кажаа дека инспекторите се на терен. Нема информација дали инспекторите влегле и во клубот од каде се направени снимките.

Протоколите за работа на угостителските објекти забрануваат правење забави, жива и гласна музика. Забрането е стоењето на шанк и на високи маси, на маса може да седат само по 4 лица и треба да се оддалечени на 1,5 метри.

Санкциите во ваква ситуација за затворање на објектот во период од 10 до 30 дена, парична казана од 5200 евра како и прекршочна пријава.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close