ВИДЕО: Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат 1,5 милион евра за изградба на веќе изградено училиште

14 пратеници од опозицијата во Собранието поднеле амандман на Буџетот за 2023 година со кој се предлага да се обезбедат 92.400.000 денари (околу 1,5 милиони евра) за изградба на модерно училиште со енергетски ефикасна градба „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, пишува порталот „Локално“.

Фото: Локално.мк

Но, ова училиште е веќе изградено, а градоначалникот на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски тоа и го објави на Фејсбук уште во февруари годинава: „Од денеска учениците ќе можат да бидат во една топла атмосфера тука да ги поминуваат своите училишни денови.“

Еве кои четиринаесетмина пратеници го потпишале амандманот, кој од ВМРО-ДПМНЕ веројатно, без да го проверат, го „рециклирале“ од расправите за Буџетот во минатите години.

Back to top button
Close