ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, гостин Бојан Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ е во слатка заблуда дека без уставни измени веднаш, ќе има преговори

Бојан Маричиќ, вицепремиер на Владата задолжен за европски интеграции, претходно и министер за правда во владата на СДСМ и ДУИ, како и поранешен истакнат припадник на невладиниот сектор е денешен собеседник на Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во петочното интервју-издание на поткастот „Политиканти“.

Што ќе значи доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да формира влада по изборите? Зошто вицепремиерот Маричиќ верува дека тоа нема да се случи иако е свесен дека граѓаните се незадоволни и тешко живеат? Зошто не може да им се верува на анкетите на неколку недели пред изборите?

 

 

Реални ли се очекувањата дека Македонија ќе влезе во ЕУ, како што влезе во НАТО? Ако уставните измени се услов, како евентуално нова влада на СДСМ би се справила со истата пречка – одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да се согласи на уставни измени? Дали пакетот на ЕУ „финансии за реформи“ е условен со уставни измени и колку од одобрените 6 милијарди евра ќе добие Македонија?

А зошто не би можел да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ: уставни промени со одложено дејство до влез во ЕУ? Маричиќ објаснува зошто – иако звучи супер – тоа е невозможно. Што ѝ беше најважно на Македонија, а што на Бугарија при договарањето на т.н. француски предлог?

Колку претседателот како функција има влијание за текот на политиките кон ЕУ и меѓусоседските односи?

За многу повеќе – погледајте во новото издание на поткастот „Политиканти.мк“ на „Слободен печат“.

 

Back to top button
Close