ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, гостин Никола Тодоров: Излези и гласај – тоа е битно, оти цензусот нема да се достигне

 

Никола Тодоров, адвокат, поранешен министер за здравство и за образование, кој во 2017 година одлучи да се повлече од политика. Зошто и како – објаснува во најновото издание на подкастот „Политиканти“. Сашо Орданоски и Борјан Јовановски со него разговараат за комбинаториките за претстојните претседателски и парламентарни избори. Зошто Тодоров се смета дека ни се заканува опасност да не избереме претседател и да не може да се формира влада? Како Мицкоски ќе ја голтне кнедлата ако треба да направи коалиција со ДУИ?

Тодоров стравува од радикалните ставови на Ванковска и Левица – дали Ванковска е обид да се привлече повозрасното гласачко тело?

 

 

Зошто Тодоров верува оти ВМРО ќе има лесна победа против СДСМ во ИЕ 3 и 4, но тоа е помала победа одошто порано?

Зошто е подобро сега да се изгласаат уставните измени, отколку да се одолговлекува имајќи го искуството со Преспанскиот договор?

За ова и многу повеќе во новото издание на подкастот „Политиканти.мк“ на „Слободен печат“.

 

Е7

 

Back to top button
Close