(ВИДЕО) Силен дожд пропратен со град утровo во 4:40 го погоди Охрид
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Невремето ја зафати и Македонија
Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.
-Пообилни врнежи во овие два дена ќе има во западните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар. Дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени, најави УХМР.
Извор: Охрид1