(ВИДЕО) Со факели и тапани ВМРО-ДПМНЕ слави победа пред палатата „Христо Татарчев“

Зурли и тапани со музика во македонски мелос се слушаат пред палатата „Христо Татарчев“, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Ја слават победата на нивниот претседателски кандидат.

Симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и на кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска-Давкова поддржана од оваа партија со знамиња и со факели во рацете се собираат пред седиштето на партијата.

Присутните на глас ја пејат песната „Бисер балкански“.

Во околината на седиштето на партијата во центарот на Скопје се слушаат сирени и свиреши од автомобилите.

Се слушаат и извици „ВМРО-ДПМНЕ победува“.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, продолжува да води со 2:1 пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, покажуваат најновите првични официјални резултати на интернет страницата на Државната изборна комисија по првиот круг на претседателските избори.

Back to top button
Close