(ВИДЕО) Спасовски за УБ: Еден од уапсените од пасошкото одделение е во тесна врска со Мицкоски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за Утрински брифинг објаснувајќи за, како што рече, деконспрацијата на акцијата Двојник изјави дека едно од вчера уапсените лица од одделението за издавање патни исправи бил во тесна врска со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дека документите што опозицијата им ги доставила на одредени медиуми ги добил од тоа лице.

Деконспирацијата на оваа акција која подолго време се водела со помош на Интерпол и Американската амбасада за среќа, како што изјави министерот, не успеала бидејќи било планирано наскоро да заврши со апсење на сите кои биле во криминалната група.

Прашан зошто оваа група го правела ова и дали биле пресудни парите кажа дека сумите за таков лажен пасош се движеле до 20 илјади евра и дека мегу уапсените има и лице кое им било шеф а по надворешното лице преку кое оделе нарачките полицијата трага.

Back to top button
Close