ВИДЕО: Српска пратеничка добила мозочен удар и е во критична состојба по инцидентите во Собранието
На Соња Илиќ, пратеничка во осмиот месец од бременоста, и се слошило после инцидентот во Собранието на Србија, рече претседателката на Парламентот Ана Брнабиќ.
Таа рече дека Јасмина Каранац се здобила со тешки повреди на главата, како и дека Јасмина Обрадовиќ добила мозочен удар и дека се борат за нејзиниот живот.
„Вие тој солзавец и бомбите ги фрлате на главите на граѓаните на Србија“, им се обрати Брнабиќ на пратениците од опозицијата.
Пратеници на опозицијата фрлаа димни бомби и солзавец во парламентот во знак на противење на владината политика и поддршката на студентите кои протестираат.
Откако владеачката коалиција предводена од Српската напредна странка (СНС), го усвои дневниот ред, поедини политичари од опозицијата се скараа со обезбедувањето, додека други фрлале димни бомби и солзавец и јајца.
Skupština Srbije trenutno pic.twitter.com/wS9eifoEjc
— Ankica (@radoznalic_a) March 4, 2025