(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски тврди дека пеел ама не вулгарно и не го држел микрофонот
Новоизбраниот градоначалник на општина Карпос синоќа на неговиот фејсбук во живо објаснуваше како се нашол и кој пеел вулгарен текст, ноќта на изборната вечер во кафуле во Скопје.

-Тоа беше приватна забава, значи не официјална за мојата победа и не ја организирав јас туку млади дечки кои ја славеа мојата победа. Микрофонот не беше во моите раце. Јас ја пеев мојата омилена песна Постела рози а тие пееја вулгарно. Но пазете, имаат причина. Едниот од нив штом дошол после мене градоначалникот го избркал од работа со жена и дете. Жена му во пандемијата изгубила работа, а јас не можев да им помогнам. И другите што пеат исто ги снашло, гневни се. Се изинувам, но потенцирам, забавата беше приватна, не официјална.
Инаку снимката на која Јакимовски танцува со група момќиња и девојќи разгневи многумина што ја видоа на социјалните мрези, особено поради вулгарните Како ве е*бе како ве е*бе Стевчо Јакимовски. за вас е само за вас е само к*р громовски.






