ВИДЕО: Тепачка на Деве Баир.Пратеникот од бугарското „Вазраждане“ нападнал полицајци тие го уапсиле

На граничниот премин меѓу Бугарија и Северна Македонија – Гуешево-Деве баир македонските полицајци го привеле пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани, откако истиот претходно се обидел да ги нападне.

Бугарските портали објавија и видео преземено од фејсбук профилот на Георгиев, кој покажува автомобили наредени, кои со часови чекаат да ја поминат границата. Во видеото се слуша како маж вика кон граничарите дека македонските власти привеле маж од автомобил кој чекал на граница. „Зошто го внесовте, зошто го правите ова“, им викал човекот на граничарите. После тоа започнал судир меѓу македонските граничари и Бугарите.

Oд Оминистерството за внатрешни работи пак пренесоа дека на на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се  обиделе и  физички да ги  нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени  и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

Back to top button
Close