(ВИДЕО) Тошковски: Со пермутација на четири бројки во двата закона за важноста на пасошите и возачките дозволи може да се решат проблемите на граѓаните

Само со измена на два закона во делот на важноста на возачките дозволи и на пасошите пратениците можат да им ги решат проблемите на граѓаните. Ова денеска пред зградата на Собранието го најави техничкиот министер Панче Тошковски откако, како што рече утринава, и во рамки на електронскиот систем, и физички, и до Владата ги поднел истите законските решенија кои и вчера ги најавил.„Прв предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, едноставно кажано за возачките дозволи. Втор предлог на закон за изменување на Законот за патни исправи на државјаните по скратена постапка. Овие два закона, како се донесени и со кој ум се донесени, од денешен аспект, е небитно. Денеска е последен ден кога пратениците имаат можност да докажат дека се во насока на интересот на граѓаните, без политикантство, без политички игра. Само со измена на овие два закона, во делот на важност на возачките и на пасошите, може да се решат проблемите на граѓаните. Сè друго е козметика, шминка, популизам“ вели Тошковски.

Според него, овие два закона се суштински во делот на важноста на документите и ако што било друго се проба да биде изведено, може само да искомплицира граѓаните да не можат да ги остварат своите права.

повеќе

Back to top button
Close