(Видео) Жена загина по пожар во куќа во скопска Пинтија
Осумдесет и петгодишна жена загина во пожар што ноќеска избувнал во семејна куќа во скопската населба Пинтија.

Според неофицијални информации на „Скопје1“, пожарот избувнал на долниот кат од куќата, а жената не успеала навреме да се извлече.
View this post on Instagram
Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт на местото, додека на други лица им била укажана прва помош.
Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во 01:48 часот.
„Во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од полицијата за Скопје1.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во текот на денот ќе се врши увид за утврдување на причините за избувнувањето на огнот.






