(ВИДЕО) Украински дронови разнесоа резервоари за гориво на Крим
Резервоар со гориво се запалени во пристанишниот град Севастопол, на полуостровот Крим, анектиран од Русија.
Пожарот веројатно е резултат на напад со дрон, објави гувернерот Михаил Развозјаев на сервисот за пораки Телеграм.
Според првите информации, украински беспилотни летала ги погодиле резервоарите со нафта, предизвикувајќи огромен пожар.
Експлозијата се случила околу 04:20 часот денеска наутро. Една минута подоцна, велат, се случила уште една експлозија.
‼️ Севастополь, Крым, Украина…
Наш беспилотник взорвал базу ГСМ в бухте Казачьей.
Первый взрыв прогремел в 4.20, через минуту – второй. pic.twitter.com/jVkH9VyqqN
— 14.88π™ 🇺🇦💦 (@aeyntkmcjy) April 29, 2023
Според гувернерот, пожарот зафатил површина од околу 1.000 метри квадратни, но не била загрозена станбена површина. Засега нема информации за жртви.
Украина постојано ја објавува својата намера да го ослободи Крим, кој беше анектиран во 2014 година.
Од почетокот на руската инвазија, имаше инциденти со беспилотни летала на неколку места на полуостровот, што понекогаш резултираше со сериозна штета, па дури и смрт.