(Видео) Зеленски пристигна во Србија, го очекуваат разговори со Вучиќ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Белград, што е негова прва посета на Србија откако е избран за претседател на Украина.

На белградскиот аеродром го пречека српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Зеленски најави дека денеска и утре ќе има разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацут. Како што изјави, теми на средбите ќе бидат проширувањето на економската соработка меѓу двете земји, односите со Европската Унија, како и безбедносните прашања.

Посетата се одржува во период кога Србија се обидува да ги одржи традиционално блиските односи со Русија, а истовремено да го продолжи процесот на приближување кон Европската Унија. Белград ја поддржува територијалната целовитост на Украина, но досега не им се приклучи на санкциите против Русија.

Back to top button
Close