Викторија Јовановска: Очекуваме  полиција. Украдена е изјавата на родилката што ги криеше контактите! Се гледа каде е дрпнато, скинато во документацијата

Директорката на ГАК доктор Викторија Јовановска за „Слободен печат“ тврди дека моментално на клиниката се очекува да дојде полиција, зашто исчезнала изјавата на родилката што се претставуваше како лекарка, односно епидемиолошката анкета.

– Ја имаме на камера како ја потпишува изјавата, ама самата изјава ја нема зашто некој ја украл. Направен е упад во медицинската документација, направен е упад во системот и навистина сме сите револтирани. Сакаат да ги направат докторите криминалци. Се гледа каде е дрпнато, скинато во документацијата и среќа ја имаме на камера како потпишува. Сега фали уште камерите да дојдат да ги скршат, револтирано изјавила директорката.

повеќе

Back to top button
Close