Владата не го прифаќа предлогот на Филипче за референдум за ЕУ, за да не се трошат пари и време


Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада, поради што нема потреба да се трошат време и пари на граѓаните за референдум. Вака Владата реагираше преку соопштение, по барањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање на референдум за граѓаните да одлучат за иднината на земјава и за нејзиниот пат кон Европската Унија.

Од Владата потенцираат дека стратешката ориентација на државата кон Европската Унија (ЕУ) веќе се докажува на дело.

– Advertisements –

„Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, како и отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија, се јасен показател за европската ориентација на оваа Влада“, се наведува во соопштението.

Во реакцијата, од Владата упатуваат критики до опозицијата, потсетувајќи на претходните искуства со ваквите процеси.

„А како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран во 2019 година. Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет“, стои во одговорот од Владата.

Филипче денеска повикувајќи ја власта да распише референдум за граѓаните да одлучат за иднината на земјава и за нејзиниот пат кон Европската Унија рече дека ова не е политичко, туку референдумско и прашање за секој еден граѓанин.

Според Филипче, граѓаните се тие што треба да одлучат за својата судбина, а не тоа да го прави Христијан Мицкоски.

Back to top button
Close