Владата одобри набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз.

Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.

Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина.

Back to top button
Close