Влен: Дрин Ахмети во ходниците на Обвинителството, заврши ерата кога ДУИ влијаеше на судовите
„Оваа неодговорна постапка претставува сериозен облик на нетранспарентност и злоупотреба на привилегиите дадени за експлоатација на природните ресурси и поради оваа причина, коалицијата ВЛЕН иницира да се преземат итни и целосни мерки за расветлување на ова прашање.
Со гордост ја споделуваме оваа информација, бидејќи со несаканата транзиција на ДУИ во опозиција, заврши и заштитата или поддршката во судовите и обвинителството. Затоа, ова е знак дека завршува ерата на политичко влијание врз институциите кои треба да бидат целосно независни и незасегнати во работата на правосудството.
По откривањето на ова дело, Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството да даде објаснувања и се води истрага за овој случај. Коалицијата ВЛЕН, како дел од владата, ги повикува правосудните институции да постапат во согласност со законот и да обезбедат безбеден и транспарентен истражен процес, за да се избегне каква било форма на политичко влијание за конечната одлука да биде целосно заснована на законите на нашата земја. А злонамерниците како Дрин Ахмети ќе ја добијат заслужената казна.
Коалицијата ВЛЕН со целосна решителност и максимална одговорност ги поддржува сите напори овој случај да се постапува со професионалност и непристрасност за да се воспостави ред и законитост во оваа област.
Коалицијата ВЛЕН будно ќе го следи ова прашање и ќе биде неприкосновна во борбата за транспарентност и правда и никогаш нема да толерира злоупотреби. Ги уверуваме граѓаните дека сме тука да ги откриеме сите измами поврзани со ДУИ нон грата и дека ќе има одговорност за сите.
ВЛЕН е коалиција на сите граѓани, ВЛЕН не се залага за внуци туку за секој од вас. Секој граѓанин ужива почит и еднаков третман од најголемата албанска коалиција“, се додава во соопштението на ВЛЕН