ВМРО-ДПМНЕ бара ДИК рачно да ги преброи гласачките ливчиња

„Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вклучително и рачното да се пребројување гласачките ливчиња, затоа што не смее да има црна дамка на процесот при ваков масовен поткуп и фалсификат -побара на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој се повика на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни тврдејќи дека меѓународната набљудувачка мисија пратила јасна порака дека е нарушената правната стабилност на државата и дека има правна несигурност.


„Ова е најдобар пример дека власта на СДСМ свесно одела на изигрување на волјата на граѓаните, за да се спаси од одговорноста од криминалот и корупцијата кои ги работеа изминатите 3 години додека беа на власт, наместо да работат за добробит на граѓаните и државата – изјави Арсовски.
Арсовски не одговори на прашањето колки приговори ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ зашто, како што изјави, не знае колку гласови се одземени и затоа пак ја повика ДИК рачно да ги преброи гласачките ливчиња. Тој не појасни ниту за кои изборни единици се однесуваат приговорите.

Back to top button
Close