ВМРО-ДПМНЕ инсистира обвинителите од СЈО да одговараат за „бонусите“ иако партијата нема право на жалба до Вишото обвинителство

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција неодамна одлучи дека обвинителите од СЈО не треба кривично да одговараат за бонусите кои ги земале во СЈО, бидејќи не го прекршиле законот, односно нивната шефица Катица Јанева, која е потписникот. Сепак, ваквата одлука не и се допаднала на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, па како што веќе објави неделникот „Фокус“, поднеле жалба до Вишото обвинителство во Скопје.

Но она што не е јасно, е од каде политичката партија се најде за повикана или мотивирана да поднесе жалба, кога таа не е оштетена странка во предметот, па со тоа и немаат право на жалба.

Ова јасно е предвидено во член 288, став 2, од ЗКП, каде што стои:

„Решението за отфрлање на кривичната пријава му се доставува на оштетениот со поука дека може во рок од 8 дена да поднесе жалба до непосредно повисокиот јавен обвинител“.

 

Како што дознаваме, партијата во овој случај се јавува како пријавител, односно подносители на кривичната пријава, но немаат својство на оштетени. Во вакви случаи, пријавителите само се известуваат за одлуката на обвинителството. Во случај пак кога пријавителите, без да бидат и оштетени, поднесувале жалби, според досегашната пракса на вишите обвинителства во старт биле отфрлани и воопшто не биле разгледувани.

Oд „Фокус“ побарале одговор од ВМРО-ДПМНЕ, во кое својство ја поднеле жалбата до Обвинителството, но оттаму не добивме одговор. Сепак мотивите стануваат појасни доколку се погледне владината програма, во која владејачката партија им се закани на обвинителите од СЈО, дека ќе им направат ревизија на работата.

„Ќе биде поведена постапка за ревизија и испитување на законитоста на целокупното работење на Специјалното јавно обвинителство, при што посебно внимание ќе се посвети на загрозување на човековите права направени во постапките на СЈО, прекршување на процесните закони при постапувањето на СЈО, расчистување на утврдените злоупотреби на исплатата на финансиските средства кон обвинителите, истражителите и советниците и нивно враќање во буџетот, како и испитување на непотизмот, партизацијата и кронизмот при вработувањата во СЈО“.

Од Обвинителството за „Фокус“ појасниле зошто пријавата за „бонусите“ била отфрлена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од таму образложуваат дека постапувајќи во предметот прибавиле обемна документација и ги декласифицирало ревизорските извештаи и правилниците што беа донесени од страна на тогашната јавна обвинителка Катица Јанева.

Повеќе

Back to top button
Close