Внимание: ајкули во Вардар

Целата оваа драма околу евентуалното менување на мнозинството на едната или на другата страна во распоредот на седењата во клупите на опозицијата и на власта во Собранието е, на директен начин, девалвирање на принципите на доброто владеење и злоупотреба на изборната доверба на гласачите за најприземни партиски пазарења и кандидатски надигрувања. Десетина дена наназад, секој ден, од утро до вечер, кој како од партиските лидерства ќе излезе пред некои камери, се лицитира со „најново“ мнозинство во Парламентот, како политичката арена да е сточен пазар, а гласачите мулиња на препродажба.

Ајде малку (повторно!) туѓи изборни искуства…

Кога во 1916 година се забележаа неколку смртоносни напади на ајкули во Заливот Џерси, Вудро Вилсон ги загуби претседателските избори во (неговиот) Њу Џерси, како резултат на стравот на населението по крајбрежните градови дека им следува силен удар врз главната стопанска дејност, туризмот – без разлика што Вилсон немал никаква одговорност за тоа кого сакаат да грицнат ајкулите за ужинка.

Во една школа на политичката теорија и овој пример се наведува како илустрација за тоа како гласаат бирачите на избори: мнозинството од нив немаат кохерентни ставови за случувањата во политиката, дури и малку обрнуваат внимание за тоа секојдневие (го знаете она, генералното одмавнување со рака: „Сите се исти!“, па продолжуваат со консумација на турските серии), а кога гласаат, тоа често го прават од контрадикторни причини, без врска со рационалниот избор во изборните понуди. И политичарите и политичките аналитичари (јас!) би сакале тоа да е поинаку, бидејќи се трошат тони хартија, стотици телевизиски часови и илјадници бајти дигитален простор рационално да се образложат и анализираат изборните понуди и поединечниот квалитет на кандидатите. Дури да се предвидат и изборните резултати.

 

И потоа ќе допливаат ајкулите и: гриц, гриц, гриц…

 

Затоа нашите партии си применуваат друг, проверен корективен „метод“ во политичкото оперирање со општеството, промовирајќи ги партиите како силна гаранција за посигурен општествен статус, врзувајќи ја поединечната судбина на граѓанството со изборната успешност на самите партии. Како што е познато, тоа се нарекува „партизација“ (или „негативна“ политизација) на локалната и државната администрација, а и на целата општествена атмосфера, од Гинекологија до Гробишта Бутел. (Ова е кратката верзија и на годинешните критики во Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија.)

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

 

Back to top button
Close