Во Австрија повторно расте бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во Австрија е регистрирано ново зголемување на бројот на пациенти со коронавирус во болниците.

Во изминатите 24 часа, бројот на новозаразени се зголеми за само 12, но во исто време бројот на хоспитализирани се зголеми на 84, од кои 19 се на интензивна нега.

Бројот на болни се намали на 342, откако во текот на викендот имаше мало зголемување поради новозаразени, пред се во Виена.

Од почетокот на епидемијата во Австрија досега има вкупно 16.891 луѓе заразени со коронавирусот, а 15.875 се излекувале.

Бројот на починати е ист со денови и изнесува 672.

Back to top button
Close