Во буџетот на Албанија лани се слеале 7,1 милијарда евра

Приходите во албанскиот државен буџет во  2024 година достигнале  710 милијарди леки или 7,1 милијарди евра, што е за околу 670 милиони евра, или 10,4 отсто повеќе во однос на претходната година.

– Тоа главно е како резултат на зголемените приходи од  ДДВ од увоз, данокот на добивка, социјалните и здравствените придонеси, но и акцизата. За експертите, ова ниво на приход е резултат на економскиот раст и реализацијата на очекувањата во 2024 година, објави Топ чанел.

Што се однесува до расходите, оваа ставка е остварена на ниво од  7,3 милијарди евра или 427 милиони евра помалку од планот.

Расходите се остварени со 94,5 отсто од годишниот план, а експертите велат дека оваа ставка треба да биде компатибилна со приходите собрани од граѓаните.

Back to top button
Close