Во Центар-Жупа 12 часовна рестрикција на вода

Во општина Центар Жупа е воведена 12 часовна рестрикција на вода и покрај тоа што во функција се два водоводи  кои во главниот резервар внесуваат околу 35 литри вода во секунда.

Директорот на ЈКП „Кале“ Етем Исламовски  изјави дека проблем е злоупотребата на водата за пиење со која се наводнуваат земјоделски поворшини.

-Наша проценка е дека количнините на вода кои доаѓаат во резерварот се доволни но и понатаму главен проблем е тоа што водата за пиење во повеке селски населби се користи за наводнување – истакнува Исламовски и додава дека и покрај преземените мерки никако да се намали злоупотребата на вода .  Тој објаснува дека од водоводот Росоки – Центар Жупа пристигнуваат 18 литри во секунда додека од водоводот Лучишта – Центар Жупа, пристигнуваат 17 литри во секунда, но сепак проблемот останува отворен неколку години по ред.

Воведувањето на рестрикцијата на вода од 12 часа е 6 часа во текот на денот и 6 часа во текот на ноќта . 

ЈКП „Кале“ кое стопанисува и со двата водоводи нагласува дека во оваа рурална општина е актуелен и проблемот на неплаќање на сметките за вода. И покрај тоа што сметките се многу ниски бидејки еден кубик вода чини само 15 денари, само околу 4о насто од потрошувачите плаќаат навремено сметки .

Проблемот со водоснабдувањето ќе продолжи да биде уште поголем со пристигнувањето на големиот број на печалбари од оваа општина кои работаат во земјите на ЕУ, бидејки околу 70 насто од населението е на печалба. 

К. М.

Back to top button
Close