Во Дебар четири нови случаи со Ковид-19, активни на болеста 44 лица

Се зголемува бројот на заразени со Ковид-19 во општина Дебар,која беше прво жариште на болеста.
Во изминатото деноноќие потрдени е уште четворица новозаразени со што вкупната бројка на Ковид дијагностицирани се зголеми на 96, од нив тројца од општина Центар Жупа.
– Од вкупната бројка на заразени лца, 45 се од од вториот бран на пандемијата, која ни се врати на петти јуни по вкупно педесет дена. Сега посебна кларактеристика е што заболените и припаѓаат на младата популација. Од 45-те заболени, еден е излекуван, додека останатите 44 се активни на болеста, од кои пак седуммина се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје, изјави градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.
Тој во име на штабот, кој во континуитет ја анализира состојбата и превзема соодветни мерки, повторно упати апел до сите строго да ги почитуваат мерките и протоколите предвидени од надлежните, затоа што „ главната причина за повторната појава, која секојдневно станува се позагрижувачка, е токму нивното непочитување“.
Инаку, во првата фаза од пандемијата кога беа регистрирани 51 заболен, 47 од нив оздравеа додека битката со опасниот вирус ја згубија четворица.
Јавна тајна е дека голем број граѓани не ја почитуваат мерката за носење заштитна маска, што потврдува и податокот дека се зголемува бројот на изречените парични казни.
Во изминатото деноноќие полициските службеници од Одделението за внатрешн работи во Дебар, издале 10 а во последните неколку дена педесеттина прекршочни платни налози.