Во Италија уапсени Албанци со дрога вредна милион евра

Италијанската полиција запленила два килограми чист кокаин, исто толку марихуана и 4 килограми амфетамини, чија вредност на пазарот се проценува на милион евра.

Во акцијата се уапсени тројца Албанци на возраст од 34 до 42 години, кои живееле во Тревизо, Италија.
-Запленетата дрога била откриена во станот на едниот од нив, каде е пронајден и список со имиња, како и мобилни телефони и друг доказен материјал  кои ќе се користат во истрагата во откривањето на соработниците, пренесува Ора њуз повикувајќи се италијанската полиција.
Се додава дека ангажираноста на италијанските власти посебно е насочена кон идентификација на каналот од каде се набавени амфетамините и кокаинот.

Back to top button
Close