Во израелско бомбардирање на Газа загинаа 14 лица
Најмалку 14 лица загинале во израелските воздушни напади во Појасот Газа во текот на изминатата ноќ, соопштија денеска локалните палестински власти.
Во нападите е погодена една куќа во која биле 11 лица, меѓу кои и жени и деца. Погоден е и шатор во Кан Јунис во кој се наоѓале раселени Палестици.
Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври минатата година кога борците од радикалната палестинска група Хамас извршија напад на израелска територија, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи 250 заложници.
Израел одговори со жестоки удари врз Појасот Газа во кои досега, според нформациите на Министерството за здравство на Хамас, животот го загубиле над 41.000 Палестинец