Во Канада потврден првиот случај на мајмунски сипаници

Агенцијата за јавно здравје на Канада (ПХАК) го потврди првиот случај на мајмунски сипаници во земјата, кај лице од провинцијата Манитоба.

Лицето побарало лекарска помош поради симптоми на мајмунски сипаници веднаш по враќањето во Канада од странство и сега е во изолација, се наведува во соопштението на ПХАК.

Инфицираното лице патувало во Централна и Источна Африка.

Мајмунските сипаници се вирусна инфекција, која се шири со близок контакт и обично предизвикува симптоми слични на грип и лезии исполнети со гној. Болеста може да биде и смртоносна.

Back to top button
Close