Во Каталонија во прекин железничкиот сообраќај поради обилен дожд
Во Барселона во прекин е железничкиот сообраќај поради обилниот дожд, а неколку автопатишта во областа се затворени.
Наставата е прекината во Тарагона, јужна Каталонија откако беше издаден црвен аларм за дожд.
Граѓаните добија предупредување преку СМС пораки за „екстремен и континуиран“ дожд.
Пред една недела обилните дождови предизвикаа поплави во областа Валенсија, каде загинаа над 200 луѓе