Во Кичево денеска втор активен случај со Ковид-19

 Според најновите статистички податоци од Министерството за здравство, денеска е регистриран вториот активен случај заразен со „Ковид 19“ во општина Кичево.

Извори од кризниот штаб на општина Кичево велат дека се работи за 24-годишен студент кој моментално со семејството живее во Скопје, а е тестиран во приватната болницата „Жан Митрев“ во Скопје.

– Неговата општа здраствена состојба моментално е стабилна, соопштија од кризниот штаб при општина Кичево.

Back to top button
Close