Во Кина регистрирани 26.155 нови случаи на Ковид, 1.364 повеќе од претходниот ден

 

Во Кина во текот на вчерашниот ден се пријавени 26.155 нови случаи на коронавирус, од кои 3.529 симптоматски, а 22.626 асимптоматски, соопшти денеска Националната здравствена комисија.

Ден претходно имаше 24.791 нови случаи – 3.896 симптоматски и 20.895 асимптоматски инфекции, кои Кина ги брои одделно.

Повеќето случаи се во Шангај, кој моментално е центар на актуелната кинеска епидемија.

Градот со 25 милиони жители во саботата пријави 21.582 асимптоматски случаи, што е повеќе од 19.923 случаи претходниот ден и 3.238 симптоматски случаи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close