Во недела маскенбал за кучиња во Градски парк

ЈП Лајка ве поканува на добра забава со маски за нашите и ваши крзнени пријатели! Облечете го вашето домашно милениче во неговиот најатрактивен костим, не заборавајте да се маскирате и вие и дојдете на маскенбалот на ЈП Лајка на Школка во Градски Парк на 14 април во 12 часот.

Ќе избираме најдобро маскирано куче и најдобро маскирани сопственик и куче, а за најдобрите и најинвентивни учесници нашите спонзори обезбедија возбудливи и вредни награди.
Како и сите настани на ЈП Лајка и овој има за цел да го насочи вниманието на важноста на посвојувањето на бездомно куче.
Без разлика дали сте искусен сопственик на домашно милениче или размислувате да додадете миленик во вашето семејство, овој настан е за вас, Ве очекуваме!!

Back to top button
Close