Во прекин сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен поради сообраќајна незгода
Сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен, од 16:15 часот е во прекин поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.
Претходно поради врнежи од снег на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.