Во Турција уапсенa новинарка под обвинение за воена и политичка шпионажа

Во Турција е уапсена новинарката Мујашер Јилдиз, која ја чека судење за „воена и политичка шпионажа“, објави денеска турската новинска агенција Анадолија.

Уредничката на порталот ОдаТВ, Јилдиз била приведена во понеделникот, а службено е уапсена вчера по испитувањето.

Заедно со Јилдиз биле приведени на испитувања и новинарот Исмаил Дукел од ТЕЛЕ1, кој подоцна е ослободен и еден воен командант, но за него не се објавени детали.

Порталот Ода ТВ е критичен кон Владата на претседателот РеџепТајип Ердоган.

Турција е една од земјите каде најмногу се затвораат новинари.

Од 2016 година околу 8.000 лица чекаат судење, додека 150.000 јавни службеници, припадници на војската и други добија отказ или беа суспендирани поради сомнение дека учествувале во обидот за државен удар во јули 2016 година.Според Анкара главниот организатор на државниот удар е Фејтулах Ѓулен, живее во САД.

Back to top button
Close