Во затворот „Шутка засадени ружи во форма на срце- македонското знаме во сеќавање на загинатите во Кочани

Во чест на 62-те жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Бобан Утковски, заедно со својот тим и со особен придонес на штитениците, создале „достоинствен простор што ќе го чува сеќавањето на загубените млади животи“, соопшти Управата за извршување санкции.
„Срце со мотив од македонското знаме, симбол на животот и обновата, околу кое се засадени 61 ружa кои создаваат чувство на заштита и една ружа на средина за херојот на транспортот на повредените кој заспа од умор и никогаш не се разбуди – место каде што сеќавањето и тагата ќе се претвораат во надеж и сила, потсетувајќи на достоинството и сплотеноста на заедницата“, велат од Управата, која објави и фотографии од процесот на изработка на ова дело.
„Згаснатите животи нема да бидат никогаш заборавени, да изразиме солидарност, сочувство и вечен спомен на животи што се изгубени-Кочани 16.03.2025“, додаваат од Управата за извршување санкции.