Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума
Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна вчера, во попладневните часови, јавува РТВ Врање.
![]()
Како што се наведува, жителите не се загрозени, но загрозени се животните кои живеат во овој крај.
Голем пожар што избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75 меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, се уште гори во близина на населени куќи, соопшти Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа.
Горат 50 хектари борова шума, а РТВ Врање јавува дека од пожарот е зафатена боровата шума кај селото Црнотинце и сува трева и ниска вегетација на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце.
Пожарникарите од Прешево на терен не можат да го изгаснат пожарот, се чека хеликоптер да го изгасне пожарот од воздух.





