Вонредни мерки во поширокиот регион на грчкиот град Ксанти поради зголемен број случаи

– Откако беа потврдени нови 15 случаи на Ковид-19 во поширокиот регион на грчкиот град Ксанти воведени се вонредни рестриктивни мерки, како и полициски час во едно село, а областа денеска ја посетија заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и професорот епидемиолог од Министерството за здравство, Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.

По одржаниот состанок, Хардаљас и Циодрас рекоа дека ситуацијата ќе се следи, а целта е да се намали ширењето и пренесувањето на вирусот.

Вонредните мерки што се во сила од рано утрово до 19 јуни 2020 година, предвидуваат во поширокиот регион на Ксанти, сите државни служби да работат само со претходно закажување, задолжително да се користи маска во сите приватни компании и продавници, а се затвораат и пазарите.

Во селото Ехинос во истиот регион, забранети се сите собири и напуштање на конретната општина, а воведен и полициски час од 21 до 7 часот наутро. ср/сд/

Back to top button
Close