Вооружен маж упаднал во болница во Загреб, лекарите се заклучиле по собите

Маж со пиштол упаднал во просториите на загрепската болница КБЦ Ребро.

Како што неофицијално дознава Јутарњи лист, полицијата и интервентните единици се во процес на преговори со мажот.

Загрепската полиција денеска во 10:05 часот добила дојава за драмата во КБЦ Загреб. Од болницата била известена полицијата дека маж се заканува со оружје, за кое не се знае дали е реално или не.

Од полициската управа во Загреб за Јутарњи лист велат дека постапката е во тек и дека во моментов не можат да дадат повеќе информации.

Како што дознава Јутарњи, лекарите и другиот персонал се заклучиле во просториите заедно со пациентите

Back to top button
Close