Вооружените сили на Иран соопштија дека нападнале и онеспособиле три товарни брода во близина на брегот на земјата
Вооружените сили на Иран соопштија дека нападнале и онеспособиле три товарни брода во близина на брегот на земјата.

Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“ се наведува дека Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го запрела нерегуларниот премин на бродовите низ Ормуската Теснина.
Нападнати се бродот „Епаминондас“, што пловел под либериско знаме и патува од Обединетите Арапски Емирати до Индија, бродот „МСЦ Франческа“, што пловел под знаме на Панама и бродот „Еуфорија“, за според иранските власти е во грчка сопственост.





