(Вознемирувачко видео) Акробатка падна од трапез и почина, публиката врескаше
Кинескa акробатка почина во саботата откако падна за време на настап во градот Сужоу.
Виралната снимка го покажува моментот кога Сун Муму (37) падна на бината. Падот се случил откако нејзиниот сопруг не успеал да ја фати со нозете.
Локалните вести тврдат дека таа паднала од висина од околу 10 метри. После тоа итно била пренесена во болница, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.
„Секогаш бевме среќни заедно. Со оглед на тоа што сум во средината на процесот на справување со сето ова, во моментов не можам да откријам никакви конкретни детали“, изјави сопругот на акробатката.
Во оригиналното видео, гледачите се слушаат како врескаат додека паѓа Сун. Нејзината колешка им кажа на новинарите дека по падот сè уште слабо дишела.
Претставата беше веднаш откажана, заедно со закажаните емисии за викендот.
„Глобал тајмс“ објави дека Anhui Yaki Performing Art Media е казнет со повеќе од 7.000 долари за одржување комерцијални изведби без одобрение.
Локалните власти изразија најдлабоко сочувство до семејството на жената. Корисниците на социјалните мрежи повикаа на подобра регулатива во индустријата откако видеото стана вирално.