Екс директорот на Кардиохирургија ги нападнал директорот и медицинска сестра
МВР информира дека денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Од Министерството за здравство во врска со инцидентот информираат дека со настанот е запознаен и ресорниот министер Фатмир Меџити, кој побарал совесно и професионално однесување од здравствените работници и нивна посветеност на пациентите.
Неофицијално неодамна сменетитот директор на Скопска Кардиохирургија проф.др Јовев прво нападнал медицинска сесра а по неа го натепал и актуелниот директор на клиниката за Кардиохирургија.