Вработените во ДПИ бараат итна средба со Заев, собрани потписи за подршка на Пауновски

Вработените во Државниот пазарен инспекторат се уште немаат добиено одговор од кабинетот на Премиерот Заев да одржат средба на која ќе се разговара за разрешувањето на директорот Стојко Пауновски. Собрани се потписи од сите вработени во институцијата кои му даваат подршка и бараат тој да остане на чело на институцијата, пренесува Телма.

Она што е најбитно е да ја постигнеме таа средба, до тогаш ни останува само да чекаме.Со собраните потписи и писмен допис во понеделник повторно ќе се обратиме до владата со цел остварување средба со премиерот на рсм која што се надеваме ќе резултира со позитивен постигнат договор. Воедно многу е битно да се напомене дека вработените нема да одат на штарјк туку на законски начин се обраќаат до премиерот, велат од дпи.

Од Владата велат дека до нив не е пристигнато барање, ниту петиција од вработени во Државниот пазарен инспекторат. Не очекувале од распределните по рамковен договор да ја работат работата на инспекторите. Распределбата била извршена хоризонтално и солидарно на 237 институции и досега ниту една не ги одбила. Непочитувањето на одлуки на Владата и поттикнување на конфронтација преку медиумите е недопустливо, спротивно на закони и кодекс на однесување на функционери.

Владата нема очекувања ниту побарувања, распределените лица во инспекторатот да ги вршат работите на инспекторите, но владата знае дека во сите институции има потреба од дополнителен ангажман на различни нивоа, особено ако за тоа институцијата нема дополнителен трошок, велат од илинденска.

Но Пауновски реагираше токму на фактот што нему не му требаат административци, туку инспектори кои ќе работата на терен во источниот дел на земјата. Во меѓувреме тој доби подршка и од Синдикалната организација УПОЗ како и од стопанските комори. На социјалните мрежи граѓаните формираа група за поддршка на Пауновски. Поддршката од час на час се повеќе расте.

И додека се чека разрешница, државните пазарни инспектори продолжуваат со работните обврски. Така беше и во текот на вчерашната ноќ кога заедно со МВР излегоа на терен и констатираа прекршување на полицискиот час, протоколите и Законот за заштита од заразни болести.

Back to top button
Close