Време е Софија да ја признае вистината за депортацијата на македонските Евреи, порача група бугарски интелектуалци од Скопје
Група бугарски интелектуалци од Клубот за македонско-бугарско пријателство денеска во Скопје одадоа почит на седумте илјади македонски Евреи депортирани во логорот Треблинка.
Бугарските интелектуалци испратија порака до властите во Софија дека е време да се прифати вистината за учеството на Бугарија во овие настани за време на Втората светска војна и дека е време бугарските институции да почнат да го признаваат тоа.
Сепак, тие не успеаја да влезе во Тутунскиот комбинат и останаа пред неговиот влез, бидејќи не испратиле официјално барање за посета.
Групата бугарски интелектуалци своето доаѓање во Скопје го искористија и да положат цвеќе и да одадат почит на гробот на великанот на македонската револуционерна борб Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, а во пресрет на одбележувањето на денот на неговата смрт – 4 мај.
Оттаму тие порачаа дека наместо омраза и меѓусебни обвинувања, двете држави треба да градат мостови на пријателство и соработка.
Инаку, во четвртокот техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков за бугарските медиуми изјави дека ќе нема заедничко чествување со С Македонија на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај.
Шефот на бугарската дипломатија, во изјавата што ја цитира БНР, рече оти очекува оние граѓани на Бугарија кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје да се соочат со истите проблеми како на 4 февруари кога се одбележуваше раѓањето на Делчев. Тогаш бугарското МНР преку соопштение оцени дека одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев не придонесе за унапредување на добрососедските односи и дека ќе биде „забележано дека македонските власти не им дозволиле на бугарски граѓани да му одадат почит на великанот“