Времето работи за Бугарија
Доколку, макар за момент, се апстрахираме од политикантскиот фолклор на дневната политика и во Скопје и во Софија и шумот што тој фолклор го предизвикува по социјалните мрежи и во медиумите во двете земји – вклучително и сите малубројни добронамерни гласови кои повикуваат на разум во бугарско-македонските односи – анализата на причините за второто бугарско вето на последниот европски самит не изгледа нелогично. Ако се гледа од бугарска страна.

Имено, за да не навлегуваме во познатиот историјат на спорот во последната година-две (а, уште помалку во последните 100+ години), доволно е да се каже дека, од меѓународна гледна точка, на изненадување и на своите евро-американски партнери, Бугарија посегна по „очајничката мерка“ за примена на вето (тоа, во принцип, е знак за очај), прво „во најава“, а сега и дефинитивно, во блокирањето на македонската (и албанската) европска перспектива, во обид да ги заштити своите „национални интереси“, така како што самите ги дефинираат. Наидоа на општа, па и непријатна осуда и притисок од, за сега, сите свои (а и наши) меѓународни партнери.
НОВА ФАЗА
Софија таа фаза ја помина и – ја преживеа. Врвот на непријатната бура е зад нив. Сега веќе спорот е јасно етаблиран и „зацементиран“ и тоа е „фактичката состојба“ за секое наредно решение, ако и кога ќе го има.
Тоа значи дека Бугарија веќе помина во фаза кога смета дека времето почнува да работи за нив. Навистина така и делува.
Прво, со познатиот развој на настаните, Бугарија се „ослободи“ од двајцата принципиелни актери на Договорот за добрососедство, оспоруван од разни страни и во Скопје и во Софија, пред тој суштински да профункционира. И Борисов и Заев заминуваат во политичката историја, што за ставовите на Софија е особено важно во однос на Заев: незгоден и непредвидлив „соговорник“ кој, бидејќи стана „омилениот балкански политичар“ на (НАТО/ЕУ) Брисел во последните години, претставуваше вистински проблем во меѓународната „равенка“ што Бугарите мораа да ја решаваат со своите западни сојузници.
(Во оваа смисла, „бонусот“ за Бугарите ќе биде ако и Никола Димитров го „снема“ од македонската официјална политичка сцена, бидејќи нивните односи со Бујар Османи/ДУИ се суштински поинакви, но тоа би била опширна дигресија ако сега треба да ја објаснуваме.
…
Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука






