Врховниот суд на Шпанија ја укина забраната за рекламирање игри на среќа

Врховниот суд на Шпанија ја укина забраната за рекламирање игри на среќа. Пресудата го истакна приоритетот за регулаторите низ Европа.

Врховниот суд на оваа земја пред неколку недели ја укина претходно донесената забрана за рекламирање на игри на среќа преку ТВ и Интернет.

Судот заклучи дека забраната нема правна или уставна основа. Дополнително, Судот му наложи на регулаторот да најде рамнотежа помеѓу загарантираната слобода на деловното работење на компаниите – организатори и заштитата на потрошувачите – играчите.

Меѓу отстранетите ограничувања е и укинувањето на претходно постоечката забрана за присуство на познати личности (инфлуенсери) во реклами, што судот го оцени како повреда на слободата на говорот.

Одлуката носи голема промена за целата индустрија за дигитален маркетинг, што укажува на потребата од пропорционално регулирање на деловните активности

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close