“Вучиќ ќе биде уапсен ако …” Косовскиот министер за внатрешни работи се закани со апсење на Вучиќ доколку ја посети Грачаница
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека наскоро ќе ја посети Грачаница, вели дека Вучиќ ќе биде уапсен доколку се обиде да дојде на Косово без дозвола на Приштина, пишува косовскиот медиум Репортери.
На прашањето дали тоа значи дека ќе го уапсат Вучиќ доколку стапне во Косово, Свечља изјави дека „секој што ќе влезе на територијата на Косово без дозвола ќе биде уапсен, вклучително и претседателот на Србија“.
– Доколку испрати барање, одлуката ќе биде на премиерот дали ќе му даде дозвола на Вучиќ или не. А, без дозвола се знае кои институции се занимаваат со тоа. Како мислите дека некој, странски државјанин, може да влезе во Република Косово без дозвола на косовските институции“ праша Свечља.
Aко се случи спротивното, Свечља рече дека тоа ќе го докаже „непостоењето на Косово како држава“.
– Последицата е едноставно да немате држава ако шефот на друга држава влезе на ваша територија без дозвола, рече Свечља и додаде дека не верува оти „Вучиќ е толку луд што без дозвола би дошол во Косово“.
Свечља изјави и дека безбедносната ситуација на северот на Косово „никогаш не била подобра“, пренесува Косово онлајн. Тој додаде дека на север, Владата на Косово „се борела против криминалните групи, со што го обезбедувала законот и редот