За над осум милиони авганистански деца потребна е хуманитарна помош

– На околу 8,12 милиони деца во Авганистан им е потребна хуманитарна помош за да ја преживеат тековната година поради пандемијата на Ковид-19, предупреди денеска хуманитарната група „Спасете ги децата“ (Save the Children).

Организацијата, претходно оваа година, извести дека на околу 5.26 милиони авганистански деца им е потребна некој вид итна помош за да преживеат. Сепак, поради тековната политика на карантин и физичко дистанцирање, дополнителни три милиони деца повеќе се додадени на списокот во последните месеци, јави ДПА.

Низ целата земја, многу пазари – кои обезбедуваа минимална дневна плата за милиони лица – беа принудени да затворат поради пандемијата.

– За милиони луѓе, здравствените установи едноставно не се лесно достапни. Оние неколку установи кои работат и се достапни на луѓето имаат недостиг од основни ресурси, вклучувајќи и кит за комплетите за тестирање Ковид-19 и капацитети за лекување на болните.

– Затоа е од суштинско значење да се овозможи хуманитарните и комерцијалните добра да дојдат во Авганистан и брзо да се испраќаат онаму каде што им се најмногу потребни, изјави Милан Диниќ, директорот на Save the children во Авганистан.

Според проценките на Обединетите нации, на околу 14 милиони Авганистанци им е потребна итна помош, што огромно зголемување од декември 2019 година, кога бројот беше околу 9,4 милиони.

Back to top button
Close